Амбасадорот на Р.Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов, потпиша два договори за финансирање на проекти во РС Македонија од страна на Бугарија со општа вредност од над 150 000 евра. Проектите се во областа на образованието и здравството и се финансирани во склоп на програмата за официјална помош и развој на бугарското Министерство за надворешни работи. Според потпишаните договори невладината организација „Профицио- мултиетнича толеранција“ ќе добие финансирање од повеќе од 135 000 евра за купување на подвижен мамограф, за потребите на здравствениот систем во РС Македонија. Проектот се спроведува со поддршката на Министерството за здравство на РС Македонија.

Вториот проект има за цел развој на капацитетите на психолозите од основните и средните училишта, во преценката на вниманието, концентрацијата, меморијата и откривањата на потешкотии на менталниот развој кај децата и адолесцентите. Проектот е во вредност од над 20 000 евра, а организацијата што ќе го спроведе е „Здружение за образование на возрасни- Центар за обука низ целиот живот“.