Бугарија ќе протера уште еден руски дипломат по неколку слични случаи, откако против него е отворена истрага за шпионирање на американските сили стационирани во оваа членка на НАТО, соопшти денеска Владата во Софија.

Холандија протерува двајца руски дипломати заради шпионажа, барале информации за вештачка интелигенција

– Министерството за надворешни работи на Бугарија прогласи дипломат на Руската амбасада во Софија за непожелна личност и му даде 72 часа да ја напушти земјата поради активности неспојливи со неговиот дипломатски статус, се вели во соопштението.

ВИДЕО | Шокантни откритија за труењето на Навални и бугарскиот производител на оружје Емилијан Гебрев: Меѓу овие руски агенти е и обвинетиот за дестабилизација на Црна Гора пред влезот во НАТО

Министерството претходно соопшти дека протера двајца руски дипломати под сомнение за шпионажа. Тие беа обвинети дека биле вклучени во шпионажа во Бугарија од 2016 година.

Обвинителите објавија дека двајцата дипломати барале доверливи информации за плановите за модернизација на армијата и одржување на воената опрема од 2016 година.