Голем успех на партијата на шоуменот Слави Трифонов, кој е во мртва трка со Социјалистите за второто место. Ова е епилогот од вечерашните излезни анкети по затворањето на избирачките кутии во Бугарија. Според институтот Галуп, ГЕРБ на Бојко Борисов освоил 67 мандати во парламентот, партијата на Слави Трифонов има 46, БСП има 45 места, Д.Бугарија осовила 28, ДПС-27и ВМРО 13 места во Парламентот.
Галуп објави дека во собранието влегуваат вкупно седум партии . Според аналитичарите , со ваквиот распоред на силите, Трифонов ќе биде клучна фигура при формирањето новата бугарска Влада . Бугарските медиуми јавуваат и дека Трифонов е во самоизолација поради симптоми на ковид-19
– Advertisement –