Бугарија испрати протестна нота за инцидентот во Битола, каде од пред бугарскиот конзултат деновиве беше насилно отстрането бугарското знаме.
Во бугарското Министерство за надворешни работи, денеска е повикан македонскиот вршител на должност амбасадор во Софија, Владимир Крстевски кому му е врачена протестна нота, јавува новинската агенција МИА.
Бугарското министерство изразува длабока огорченост и констатирало дека на 28 август годинава било отстрането знамето на Бугарија, кое се веело до канцеларијата на Службата за трговија и економски прашања при Генералниот конзулат на земјата во Битола.
Бугарското МНР ја прифати јавната реакција на нашето МНР, во која остро беше осуден вандалскиот чин и беше ветена истрага и изведување на сторителите пред лицето на правдата.