Операторите на македонскиот и бугарскиот гасовод – ГА-МА и Булгартрансгаз, кои се во стоотстотна државна сопственост постигнаа нацрт-договор за меѓусистемско поврзување-ова го објави Булгартрансгаз на својата веб-страница, објави Телевизија 24.
Од 18 до 28 октомври ќе трае јавната консултација за бизнис правилата од проектот за меѓусистемско поврзување на точката Кустендил – Жидилово Северна Македонија. На јавна дискусија двата оператори ќе ги презентираат правилата за процедурите за дистрибуција на количествата гас, како и други релевантни одредби кои се однесуваат на корисниците на мрежата.