Игор Спасов, осуден за убиство на Мартин Нешковски, повторно е во затворот Идризово. Бугарија одговори на барањето на македонските власти и го екстрадираше. Спасов побегна од земјава откако со медицинската документација што ја поднесувал до судот од август 2018 година, со здравствените причини го оправдуваше своето отсуство и не се враќаше затворот Идризово. Од денес па натаму тој ќе продолжи со издржување на затворската казна за убиството на Нешковски. Тој има досега отслужено шест години затвор. Игор Спасов кој е осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешковски беше фатен на 1 февруари во Софија, во стан во областа Младост во главниот град. Бугарската полиција добила сигнал дека тој се крие таму, по што интервенирала и го уапсила.