Шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев ги информираше своите колеги од земјите членки на НАТО дека Бугарија ќе прифати до 70 бегалци од Авганистан.
Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО преку видео-конферентна врска разговараа за последните настани во Авганистан.
Министрите упатија апел, во Авганистан да се состави влада, којашто ќе ги негува човековите права, ќе биде инклузивна и ќе гарантира дека земјата никогаш повеќе нема да биде засолниште на терористи.