Амбасадорот на Р. Бугарија во РС Македонија Ангел Ангелов денеска потпиша уште три договори за проекти финансирани од Бугарија во рамките на официјалната развојна помош на Министерството за надворешни работи на нашиот источен сосед.
Проектите се од сферата на образованието, здравствството и туризмот и имаат вкупна вредност од речиси 90 илјади евра.
Еден од проектите има за цел да ги преквалификува граѓаните кои останале без работа како резултат на пандемијата КОВИД-19. Корисник е училиштето КОМПАС. Другите два проекти се набавка на клинички аудиометар за потребите на Институтот за слух, говор и рехабилитација на глас од страна на Здружението ПЛАН-Б и изработка на туристички водич од Здружението „Св. Климент.
Потсетуваме, вчера амбасадорот Ангелов потпиша уште два договори за проекти од областа на образованието и здравството, финансирани од Бугарија, со вкупна вредност над 150 илјади евра.