Официјално Бугарија оди на нови избори на 11 јули.
– Ќе ги организира привремената влада на чие чело ќе биде Стефан Јанев кој доаѓа од позицијата државен секретар за безбедност и одбрана, а претходно работел и како вицепремиер за внатрешен ред и министер за одбрана. Одлуката ја донесе претседателот Румен Радев, кој во кабинетот меѓудругите го именуваше и бугарскиот амабсадор во Данска Светлан Стоев, на местото на Захариева, како министер за надворешни работи.
Иако привремената Влада ќе биде со краток рок траење од два месеца, неодамна Радев изјави дека овој состав ќе има тешка задача и голема одговорност.
Во меѓувреме владејачката и победничка партија ГЕРБ се подготвува за новата изборна трка со менување на раководните структури, поради незадоволство од освоените гласови на 4ти април во неколку градови меѓу кои и Софија.
– Најлесно се прават протести, најлесно. Но, ако ние си ја сакаме државата, видовме сега дека ниту ние можеме, ниту тие можат, иако повторно ќе кажам дека со 165 пратеници можеше да има стабилна Влада и да не ги оспоруваме потрошените пари дали се залудни како што велеше баба ми. Но, сега нека се оди по новите правила, новата Влада да обезбеди чесни избори, како ние што обезбедивме. – Бојко Борисов – претседател на ГЕРБ.
Последните парламентарни избори во соседна Бугарија се одржаа во април, но ниту ГЕРБ на Бојко Борисов, ниту Има таков народ на Слави Трифонов не формираа Влада, па го вратија мандатот. Последните анкети објавени неодамна во Бугарија покажуваат дека разликата помеѓу партијата на Борисов и Трифонов е околу еден процент.
Македонската влада изрази подготвеноста и со привремената Влада да ги продолжи разговорите за деблокада на евроинтергациите, но останува незивесно дали таков интерес ќе има и од Софија.