Претседателот на Бугарија Румен Радев со декрет назначи привремена влада, која од утре ќе почне со работа.  Вршител на должноста премиер ќе биде Стефан Јанев, соопшти прес-службата на шефот на државата.

Advertisements

Со друг указ, претседателот Румен Радев го распушти 45-то Национално собрание и закажа предвремени парламентарни избори во Бугарија за 11 јули.

Шефот на државата минатата недела посочи дека 11 мај е најраниот можен датум за уредба за привремена влада. Според Радев, владата ќе биде избалансирана.

Прикажи повеќе