Бугарската влада во планот за спроведување на Договорот за добрососедства бара да заврши изградбата на железницата и патиштата со Северна Македонија како и заштита на бугарските инвестии.
Бриселски „Еуроактив“, повикувајќи се на дипломатски извори, пишува дека со планот е опфатено и отворање на кампуси на бугарските универзитети во Северна Македонија, а има и дел којшто се однесува на учебниците по историја.
Со овие економски предлози Бугарија се обидува да ја промени својата тактика кон Македонија и да ја ублажи напнатоста меѓу двете земји.