Бугарските здравствени власти ја сопреа вакцинацијата против Ковид 19 со вакцината на „АстраЗенека“ поради смртен случај на 57-годишна жена од Пловив. Како што изјави тамошниот министер за здравство Костадин Ангелов, ова е превентивна одлука се додека не се утврдат вистинските причини за смртта на оваа жена, која имала негативен тест на Коронавирус и била во добра здравствена состојба кога ја примила вакцината.
-Вакцинацијата е извршена вчера во 12:00 часот. Жената се заминала дома без никакви поплаки. Вечерта во 03:00 часот почувствувала потешкотии во дишењето и повикуваат Итна медицинска помош. Колегите пристигнуваат навремено, но само констатираат смрт. Сега има многу прашање, чекавме да заврши аутопсијата. Сакам да ви биде јасно дека ова е превентивна мерка за да може да бидеме сигурно оти по седум дена ќе дојдеме до конечно решение како ќе продолжиме со вакцинацијата со АстраЗенека, вели Ангелов.
Вакцината која ја примила не е од испитаната серија, која беше запрена во неколку земји по смртта во Австрија, додека пак тестот за коронавирус е негативен.
Според него, следната недела ќе биде јасно дали има врска со вакцинација.
Министерот истакна дека се надева дека нема да има врска со вакцината на „АатраЗенека“.