Бугарија привремено забрани извоз на дизел и керозин поради американските санкции воведени против руските енергетски компании.
Забраната, која ја усвои парламентот, се однесува и на испораките кон други земји членки на ЕУ, а нејзината цел е да се спречи недостиг на гориво во земјата. Санкциите што американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе против „Роснефт“ и „Лукоил“ поради војната во Украина се однесуваат и на бугарската рафинерија „Лукоил Нефтохим“, која е единствена во земјата.
Рафинеријата, која се наоѓа во близина на Бургас на Црното Море, е подружница на „Лукоил“. „Лукоил“ во Бугарија поседува и бензински пумпи. Комисијата за буџет и финансии на бугарскиот парламент наведе дека забраната за извоз е неопходна за да се обезбеди енергетската иднина на земјата и стабилноста на домашниот енергетски пазар.
Текстот Бугарија воведе забрана за извоз на дизел и керозин поради американските санкции кон Русија е превземен од МАКФАКС.























