Бугарското МНР соопшти дека го обезбедило враќање на уште 14 бугарски државјани од Израел. Со помош на амбасадата на Грција во Израел вчера беа евакуирани 11 Бугари, а со помош на амбасадата на Република Северна Македонија – уште 3-ца Бугари, јавува БНР, пренесува Трибуна.

Министерството ги информира бугарските државјани, кои сакаат да заминат од Израел, дека денеска по 20:00 часот ќе се изврши чартер лет Тел-Авив – Софија.