Повеќе од три месеци РС Македонија го одолговлекува потпишувањето на договор за подготовка и изградба на Коридор број 8 загрозувајќи ја навремената изградба на проектот кој е исклучително важен за колективната безбедност на НАТО и ЕУ. Ова се вели во официјалната позиција на бугарското Министерство за транспорт и врски откако македонското Министерство за странство и врски ја обвини бугарската страна во испревртување на фактите во однос на изградбата на Коридор 8, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.

„На 15 јануари 2025 г. Република Бугарија и предложи на РС Македонија проект за меѓувладин договор за подготовка и изградба на транс-граничен железнички тунел кој што треба да ја поврзе железничката мрежа на двете држави. Тоа е единственото отворено прашање меѓу двете земји во областа на железничкиот транспорт и е прашање кое нема само билатерално значење, туку претставува важен елемент од архитектурата на колективната безбедност на НАТО и поврзувањето меѓу државите членки на ЕУ. Република Бугарија е подготвена веднаш да го потпише договорот и да започне итни активности за изградба на тунелот. Ако Скопје има забелешки по предложениот текст, Република Бугарија е подготвена веднаш да разговара за истите доколку биде запозната со нив.

Повеќе од три месеци недостасува одговор од РС Македонија по проектот за договор. Периодично се инсистира на состаноци без јасна цел и конкретни прашања за дискусија. Неподготвеноста на Скопје да даде коментар за предложениот нацрт-договор или да ја потврди подготвеноста, да го потпише текстот во неговата сегашна форма, ја загрозува навремената изградба на исклучително важниот за колективната безбедност на НАТО и ЕУ, Коридор број 8. Додека чека одговор од Скопје и го мобилизира вниманието на партнерите од НАТО и ЕУ за овој проблем, Република Бугарија ќе продолжи да ги гради и модернизира делниците од Коридорот на своја територија, во кои веќе има инвестирано повеќе од 4 милијарди лева“, се вели во позицијата на бугарското Министерство за транспорт и врски.