Џанлуиџи Буфон по втор пат во својата кариера му вели збогум на тимот во кој се промовираше во еден од најдобрите голмани во светот.
-Дадов се, но добив повеќе, напиша на твитер Буфон, кој воедно додава:
-Секој почеток има и крај. Дојде крајот на вториот дел од мојата кариера во Јуве. Одлуката е донесена. Зрело ја донесов во текот на неколку месеци. Но не беше лесна. Зошто тешко е да се прекине врската со ова место. Тука е мојата историја, мојата радост, моите солзи, мојот дом. Но знам дека дојде време, порачува Буфон. Буфон во 2001 година од Парма дојде во Јвентус. Остана до 2018-та година, освои се, освен Лига на шампиони. Реши да замине да проба со друг клуб, ПСЖ, но и таму не успеа, па по една година се врати во Јуве. Сега по втор пат вели збогум. Сепак, останува нејасно дали само на Јувентус му вели збогум или ќе се пензионира. Веројатно ќе почекаме уште некој ден.
Ho dato tutto.
Ho ricevuto di più.
Il tempo che verrà è tutto da scrivere. E da vivere. Sempre, fino alla fine. pic.twitter.com/K7QAqbDBW3— Gianluigi Buffon (@gianluigibuffon) May 11, 2021