Целиот свет денес беше ужаснат од сцените што се случија на аеродромот во Кабул.
Во претходните денови се случуваше голем хаос во Авганистан, а талибанците повторно ја презедоа власта во оваа земја по 20 години.
Повеќето луѓе сега се плашат за нивната безбедност и многумина се на аеродромот во Кабул и се обидуваат на секој начин да го напуштат Авганистан.
Денешните сцени ја шокираа светската јавност кога многумина се качија на крилото на авионот и се обидоа некако да се закачат и да ја напуштат земјата.
На едно од видеата се гледа како неколку луѓе паѓаат од авионот кога полетал, и тие починале на лице место.
Овие сцени од Кабул го шокираа легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, кој се огласи на Твитер.
“Се што се случува во Авганистан изгледа нереално. Не го разбирам времето на повлекување на армијата, но очајот на овие луѓе е толку болен и срцепарателен”, напиша Буфон.
Tutto ciò che sta succedendo in #Afghanistan è surreale. Non comprendo il tempismo della ritirata militare, ma la disperazione di queste persone è dolorosa e straziante. pic.twitter.com/61nT50bpcw
— Gianluigi Buffon (@gianluigibuffon) August 16, 2021