Кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ е цел на критики поради својот физички изглед, односно многумина му замерија дека за време на паузата се опуштил и „качил“ некое кило.
Далас на стартот од подготвителните натпревари го совлада Милвоки бакс, а Дончиќ на кого беше приметно дека „пуштил“ стомак беше најпецизен со 27 постигнати поени.
– Луѓето на Твитер можат да пишуваат и зборуваат што сакаат. Вистина е дека не сум во најдобра форма, но ќе бидам многу брзо. Знаете, никогаш не сум бил мускулест тип – изјави Дончиќ.
No por favor, Luka Doncic no te conviertas en un Isco por favor, tu no.#NBA #NBATwitter #mavericks pic.twitter.com/NPBRgyW6UU
— Alfredo_Castilla (@Alfred_Castilla) December 14, 2020