Поранешниот премиер Владо Бучковски нема повеќе да биде специјален претставник за Бугарија. Владата на денешната седница одлучила да го разреши од оваа позција. Бучковски за ТВ21, на прашањето да ја коментира одлуката, кусо одговори дека со новиот пристап на преговори , МНР на двете држави и петте работни групи ќе ги водат преговорите. Инаку, владата на Зоран Заев на крајот на 2020 година го именуваше Бучковски за специјален претставник за Бугарија во време кога се отвори спорот меѓу двете земји. Тој неколку пати беше во посета во Софија, во обид да ги приближи ставовите помеѓу двете земји, но очигледно е дека не успеал во своите намери.