Специјалниот претставник за односите помеѓу Северна Македонија и Бугарија, Владо Бучковски во интервју за “360 степени“ на Алсат ТВ изјави дека првата шанса за деблокада од Бугарија ќе ја имаме во месец мај-јуни. Доколку како што вели тој, не успее деблокадата во овој период, втората е дури во ноември или декемви, односно по изборите кај нас.
-Ние, реално, според моите проценки, ја имаме шансата да го направиме првиот пробив по изборите во Бугарија, значи мај, јуни. Потоа се влегува во предкампања – кај нас се локалните, но и во Бугарија има други избори тоа се претседателските. Ако не успееме во овие два месеца, потоа другата шанса ни е во ноември, декември. Мислам дека реално имаме шанса тоа да го направиме оваа година, или ако сакате до крајот на мојот мандат кој е до 1 декември оваа година. Реални се шансите да дојде до компромисно решение зашто сепак сме блиску до изнаоѓање формула во која и едната и другата страна, за кои можеби ќе изгледаат на прв поглед како преголема отстапка, но јас сум уверен дека Бугарија конечно ја има нашата кристално јасна порака каде не сме подготвени да попуштиме. Тоа ме храбри, нивното препознавање на она што е неспорно, дека може да биде првиот сериозен чекор кон враќањето на довербата, вели Бучковски.