Во интервју за БГНЕС специјалниот пратеник на Северна Македонија во Бугарија за решавање на спорот меѓу двете земји изразува доза оптимизам дека Бугарија на Кирил Петков ќе го тргне ветото кон Северна Македонија.
„Во 2021 година Бугарија немаше редовна влада цели 8 месеци. Во земјата имаше три парламентарни и едни претседателски избори. Тоа сериозно влијаеше на нашите напори да најдеме заемно прифатливо решение и да ја укинеме блокадата на нашиот пат кон ЕУ“, рече Бучковски.
Според него, „и покрај овие непредвидени околности, постигнат е напредок во градењето доверба меѓу двете земји“.
„Во 2022 година очекувам да се постигне взаемно прифатливо решение со Бугарија. Решение кое ќе се заснова на меѓусебно почитување и ќе се одржува. Бугарската блокада ќе биде укината. Почетокот на преговорите со ЕУ конечно ќе биде реалност“, рече Бучковски за БГНЕС.