„Мораме да бидеме коректни, опозицијата имаше изненадувачки дисциплинирана кампањата каде што успеа да го навлече СДСМ и пред се, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да се говори многу повеќе за темите од национално и стратешко значење, а многу помалку за проектите“, посочи поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Владо Бучковски, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Тој смета дека ВМРО-ДПМНЕ биле свесни дека поголемото искуство што го имаат дел од актуелните градоначалници на СДСМ и понудата која била од другата страна, избрале една стратегија која на крајот вродила со плод.