Специјалниот посредник во дијалогот помеѓу официјално Скопје и Софија, Владо Бучковски вели дека до крајот на неговиот мандат, кој е во декември, очекува да се најде заеднички јазик односно решение со сите недоразбирања со Бугарија.

Како што вели тој во моментов ситуацијата е малку напната, поради изборите во Бугарија, но и пописот кај нас, теми кои како што вели, се користат за политизација од секаков вид.

-Јас по природа сум оптимист, и верувам дека до крајот на мојот мандат, (декември оваа година – н.з.) ќе најдеме решение за отворените прашања. Се наоѓаме во фаза на предизборие во Бугарија, затоа се обидуваме да бидеме претпазливи. Мојата главна преокупација во последните неколку недели е соработката во медиумската сфера, универзитетите, културата, вели Бучковски, а пренесува Дојче Веле на македонски јазик.