Самитот ЕУ-Западен Балкан кој треба да се одржи во Словенија задутре, се одржува во време кога кредибилитетот на европските ветувања за Балканот е доведен во прашање. Ваква е констатацијата на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, искажана во Белград. Во меѓувреме, од Берлин, министерот за надворешни работи Бујар Османи, изјави дека разменил мислења за нова можност за евентуално доделување датум за преговори во декември.
„Самитот што ќе се одржи за неколку дена во Словенија помеѓу Европската унија и Западен Балкан е од особено значење за да ги направиме првите подготовки, да се направат напори од двете земји, дека ќе работиме во наредните денови со цел надминување на разликите и во декември да започнат преговорите. Затоа, потсетувам дека оваа средба ќе биде важна за подготовките на исто така вонредните средби што ќе се одржат по два дена во Словенија за што мислам дека ќе го отворат патот за можност за надминување на разликите веднаш по изборите во ноември во двете земји и има можност во декември да ги започнеме преговорите“, вели Османи.