Вчера т.н. „Огнена група“, или незадоволни членови на ДУИ пишаа отворено писмо до Али Ахмети во кое побараа промени во партијата. Го обвинија Артан Груби дека се однесува агресивно и дилетантски и дека функционирањето на партијата е сведено на индивидуални одлуки.

Но, Ахмети сепак, денеска застана на страната на Груби, порачувајќи дека ДУИ може без секого, па и без него, Муса Џафери, Изет Меџити, Блерим Беџети. Токму овие имиња, заедно со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу се меѓу најистакнатите потписници на писмото.

Сепак, ТВ21, доцна вечерва објави, повикувајќи се на свои извори, дека до оваа група имало предлог министерот за надворешни работи Бујар Османи да оди „курбан“ со цел да се смират внатрепартиските недоразбирања. Односно, тој да биде сменет од Владата, а на негово место да дојде некој од групата на незадоволните во ДУИ.

Во тектстот на ТВ21 се додава дека наводно незадоволните од ограноците на Сарај и Чаир го отфрлиле овој предлог, со образложение дека целта не е да се смени само Бујар Османи, туку целта е да се смени Артан Груби, и други министри, односно дека инсистираат на барањата кои ги навеле во писмото.

Функционери од ДУИ се кренаа против Артан Груби