На македонски јазик го започна воведното обраќање министерот Бујар Османи пред медиумите во Унгарија по Амбасадорскиот совет, организиран од Министерството за надворешни работи и трговија на Република Унгарија.

„Министер Сијарто, драг Петер дозволете на почетокот да ви се обратам на македонски јазик, на јазик за којшто вие и 26 други земји членки одлучија минатата година да за неколку години биде официјален јазик на ЕУ за што ви благодарам и ви пренесувам благодарности и од граѓаните на РС Македонија. Но да продолжам на англиски Mrs. Szijjártó diar Péter let me express my sincere gratitude for the warm hospitality, here in Budapest…“ продолжи министерот Османи.

Министерот Османи на амбасадорскиот совет пред највисоките унгарските дипломати ја искористи можноста да ги претстави перспективите и предизвиците на процесот на европската интеграција на Северна Македонија.

Во рамки на посетата министерот Османи оствари и билатерална средба со министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија Петер Сијарто, каде беа реафирмирани одличните билатерални односи меѓу двете земји, поддршката за нашите европски интеграции, како и сојузништвото во рамките на НАТО.