Во текот на вчерашниот ден преку телефонска дојава од дежурната служба на СВР Битола до Дирекцијата за заштита и спасување е побарано спасување на повредено лице.

Од ДЗС веднаш излегле на терен и пристапиле кон мобилизација за брз одговор за спасување од планина.

Лицето во 03.00 ч. било пронајдено од другата страна на планината кај преспанскиот дел под Манастирот „Свети Спас” над селото Маловишта.

На лицето му била пружена прва помош и со санитетско носило е пренесено од лице место до Кодру и потоа со моторно возило во ургентното одделение при клиничката болница на Битола.

Повреденото лице е во стабилна состојба и не е во животно загрижувачка состојба.

Извор: babambitola.mk