Играчот за врска на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, го коментираше трансферот на португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо во таборот на „Црвените ѓаволи“.

„Ентузијазмот ќе биде огромен, секој знае дека со Кристијано тоа е реалност. Секој се чувствува сигурен и среќен што се тој се врати. Знаеме што може да ни даде Роналдо. Кристијано и јас имаме една цел – да победуваме. Со него сме поблиску до трофеите“, изјави Фернандеш за официјалниот сајт на Манчестер Јунајтед.

Триесет и шестгодишниот Роналдо, кој играше за Манчестер јунајтед од 2003 до 2009 година, се врати во англискиот клуб од Јувентус на 31 август 2021 година.