Најмалку осум лица загинаа во пожарите на јужните брегови на Турција, а пожарникарите се борат да ги изгаснат пожарите во близина на крајбрежните одморалишта. Две лица починаа во градот Манавгат, според соопштението на министерот за здравство, додека десет се испратени на лекување во локалните болници. Според надлежните, над 100 пожари што избувнаа во Турција во последните пет дена, се ставени под контрола. Сепак, пожарите продолжуваат во Манавгат, Мармарис и Милас. Во Бодрум, група туристи и персонал на хотел беа евакуирани со брод. Од средата, илјадници луѓе се евакуирани од своите домови.

Advertisements

Европската Унија испрати помош за Турција, додека доброволци им се придружија на пожарникарите за да се справат со шумските пожари, во кои загинаа осум лица и го зголемија притисокот врз турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Владата, исто така, објави дека немала планови за гаснење на пожарите и дека мора да се потпре на странска помош за справување со огнените стихии. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се заблагодари на Брисел што испрати еден авион од Хрватска и два од Шпанија.

Русија, Украина, Иран и Азербејџан исто така испратија помош за поддршка на локалните пожарникари. Турската влада вети дека ќе ги обнови оштетените куќи и ќе ги обештети жителите. Пожарникарите денеска се соочија и со неколку локални пожари на грчкиот остров Родос, како и во некои делови на Италија и Шпанија. Податоците на Европската Унија покажаа дека сезоната на пожари оваа година беше значително полоша и поопасна од претходните години.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе