Во Македонија се уште е висока бројката на починати од коронавирусот во однос на регионот затоа што борјката сеуште е над десет починати дневно.
Досега од короната се починасти 2696 лица, а моментално се водат 138 пациенти во критична состоба.
Професорот Дараган Даниловски вели дека во оваа фаза од пандемијата многу е важно да се вакцинираат оние кои не го прележале вирусот.
„Би требало претходно да направат тест за антитела. Ако имаат, не треба да се вакцинираат, туку да почекат најмалку два до три месеци за да се вакцинираат зошто ако ја добијат вакцината тогаш ќе им послужи како еден вид бустер, потикнувач на имунитетот, кој ќе им трае дури и до две години“ изјавил за Канал 5, професорот Даниловски.
Тој вели дека подобра опција до вакцинирање е да се поминат потешките последни месеци во почитување на мерките.
„Вакцинирањето ќе биде привилегија за ризичните групи, но има тука и добра страна, тоа што малку покасно ќе почнеме, може да ни послужи како добра можност да се научиме од туѓите искуства како делуваат вакцините“, смета Даниловски.