Бројот на лица заразени со вирусот корона во светот од синоќа надмина 90 милиони, покажува веб страната “worldomoter”.

Според веб-страницата, од почетокот на коронарната пандемија, 91,365,598 лица биле заразени со вирусот, починале 1,954,256 лица, а 65,383,097 ја победиле болеста.

– Advertisement –

Во моментов има 24,028,245 активни случаи во светот, а 108,780 лица се во критична состојба, или 0,5 проценти.

САД сè уште водат по бројот на заразени и мртви од последиците од оваа инфекција. Според податоците на „worldometers“, од почетокот на пандемијата до денеска таму се регистрирани 23 милиони случаи.