Бројот на вакцинирани граѓани се зголемува. Извештајот на Министерството за здравство покажува дека досега се вакцинирани 278.619 граѓани, додека втората доза ја примиле 54.600 граѓани. Само во последните 24 часа вакцини примиле над 11.000 граѓани.
„Процесот на вакцинација се одвива непрекинато на сите пунктови за вакцинација во земјава. Бројот на пријавени кои изразиле желба да бидат вакцинирани надмина 425 илјади, кои преку интернет платформата чекаат термин. Според последните податоци, 46% од населението постаро од 70 години примило барем една доза вакцина.
Свеста кај населението за вакцинација доаѓа и од медицинскиот персонал, кој е на првата линија на фронтот. Инфектолог Фадил Цана, кој работеше на Клиниката за инфективни болести за време на целата пандемија, рече дека овие одделенија се празнат благодарение на вакцинацијата. Повикува што е можно повеќе да аплицираат за имунизација.
„Вакцинацијата е основа врз која оваа пандемија може да се смета како завршена, таа е единствената почетна точка што ќе го врати животот во нормала. Ќе го намали бројот на смртни случаи, ќе го намали бројот на хоспитализации за целото население кое постепено ќе може да се врати во нормален живот.“
Според извештајот на здравствените власти, во последните 24 часа само три пациенти се хоспитализирани во Скопје, додека 100 се лекуваат со лесни симптоми на коронавирус. Во главниот град има и 90 слободни кревети во инфективни одделенија и ковид центри.