Иако бројот на смртни случаи од Ковид -19 останува голем, епидемиолошката состојба се смирува. Од бројот на извршени тестови во последните 24 часа, бројот на позитивни случаи е под 20%. Но, според најавите на епидемиолозите, бројот на починати ќе биде и натаму висок , со оглед на бројот на хоспитализирани пацинети со други болести освен коронавирусот. Министерството за здравство известува дека хоспитализирани се 692 пациенти.
„97 пациенти се хоспитализирани во Битола, 58 во Штип, 35 во Тетово, Велес 84, Охрид 75, Куманово 80, Прилеп 68, Гостивар 23, Струга 15, Кичево 25, Кочани 23, Кавадарци 30 и Гевгелија 12“.
Во изминатите 24 часа хоспитализирани се 59 нови пациенти во Центрите за Ковид во Скопје, поради компликации од вирусот корона. Вкупно 473 лица потврдени и суспектни со Ковид 19 се лекуваат во одделенијата за заразни болести во главниот град.
„Синоќа во центарот на Скопје и во Болницата на 8 септември имаше 19 приеми на пациенти и уште 11 други на Клиниката за инфективни болести. Во последните 24 часа од болниците се отпуштени 83 пациенти “.
Бројот на слободни кревети е 670, додека во целата земја 1165 пациенти се лекуваат во болнички услови. Има 15 илјади активни случаи. Од почетокот на пандемијата, над 152 илјади граѓани биле заразени со вирусот корона, од кои над 132 илјади биле излекувани, додека над 4800 починале.