Вкупниот број на потврдени случаи на коронавирус ширум светот надмина 580 милиони, а бројот на починати надмина 6,41 милиони, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Advertisements

Бројот на потврдени случаи е зголемен за 1.736.720 од 5 август, а бројот на починати е зголемен за 2.742, пренесе „ТАСС“.

Статистиката на СЗО се базира на официјално потврдени податоци од земји ширум светот.

Најголем број случаи на коронавирус се пријавени од САД (90.706.508), Индија (44.161.899), Бразил (33.924.061), Франција (33.061.414) и Германија (31.228.322).

Најголем број смртни случаи се пријавени од САД (1.021.995), Бразил (679.275), Индија (526.730), Русија (382.786) и Мексико (328.006).

Прикажи повеќе