По неколку месеци бројката на заразени од ковид 19 во нашата земја повторно надмина илјада. Во последните 24 часа регистрирани се 1031 нов случај од направени 4373 тестирања. Согласно податоците на Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие регистрирани се и 20 починати лица за кои се тврди дека се последица на коронавирусот. Во последните 24 часа се регистрирани и 241 оздравен пациент. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.107, бројката на оздравени пациенти е 97.166, на починати е 3.300, а бројот на активни случаи изнесува 11.641.