Министерството за здравство информира дека во лабораторијата на МАНУ во периодот од 1 јануари до 7 февруари, 2021 е утврдено присуство на СарсКов2 вирусот од Велика Британија кај 45 примероци на брисеви од заразени лица.
Првиот пациент со овој тип на вирус во оваа лабораторија е дијагностициран на 13-ти јануари во Охрид и оттогаш неговата застапеност прогресивно се зголемува. Во моментот оваа варијанта на вирусот е најфреквентна во Охрид и Прилеп, а е присустен и кај одредени пациенти во други градови: Тетово, Струга, Куманово, Штип, Велес.
Анализите на МАНУ не утврдија присуство на британскиот сој на вирусот кај вработените на Клиниката за нефрологија каде за краток временски период беа заразени повеќе здравствени работници.