Најмалку 29.092 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство во Појасот Газа.

Повеќе од 69.000 луѓе беа повредени, пренесува Ал Џезира.

Во последните 24 часа во Газа се убиени 107 Палестинци, се наведува во соопштението.