Бројот на загинати од разорните поплави што ја погодија источна Либија може да достигне 20 илјади само во градот Дерна, изјави градоначалникот Абдулменам Ал Гаити.
-Очекуваме многу голем број жртви. Може да достигне од 18 илјади до 20 илјади смртни случаи врз основа на уништените области во Дерна, изјави вчера градоначалникот.
Повеќе од 5.300 луѓе загинаа во поплавите во Дерна. Додека спасувачите и роднините продолжуваат да трагаат по преживеани, според Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, околу 10 илјади луѓе се водат како исчезнати.
Поплавите во источна Либија, исто така, оставија без покрив над 30 илјади луѓе, според Меѓународната организација за миграција на ОН, особено во Дерна.