Амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз вечерва истакна дека САД ја поздравува дискусијата во Северна Македонија за францускиот предлог.
„САД ја поздравуваат дискусијата во Северна Македонија за ревидираниот предлог на ЕУ за почеток на пристапните преговори, признавајќи ја важноста на македонскиот јазик и идентитет. Долго време ја поддржуваме иднината на Северна Македонија во ЕУ и сега гледаме пат да ја придвижиме напред“, вели амбасадорката Брнз.
The U.S. welcomes the discussion in North Macedonia of the EU’s revised proposal to start accession talks, recognizing the importance of Macedonian language and identity. We have long supported North Macedonia’s EU future and now see a path to move it forward.
— Ambassador Kate Byrnes (@USAmbNMacedonia) July 3, 2022