Кејт Брнз, амбасадорка на САД, смета дека Скопје и Софија треба да го решат спорот преку билатерален дијалог.
„Процесот кон ЕУ и сите билатерални прашања треба да се решат надвор од пристапните преговори. Ние го гледаме како позитивен знак тоа што Севрна Македонија и Бугарија продолжуваат да расправаат за билатералните прашања, да се стават надвор од процесот, со цел напредок во тој поглед“, рече Брнз.
Таа верува дека владата ќе успее да постигне договор со Бугарија.
„Северна Македонија има докази дека се справувала со спорни прашања со соседите и ги разрешувала конструктивно, па и понатаму ќе се залагаме, ќе се бориме и ќе ја поддржуваме Северна Македонија да ги започне преговорите и билатералните прашања да останат надвор од преговорите“, вели Брнз.