Гледаме позитивен пат напред и задоволни сме од тековните разговори меѓу Македонија и Бугарија за унапредување на членството на Македонија во ЕУ, напиша на Твитер американската амбасадорка, Кејт Брнз.
Твитот на амбасадорката на САД е поврзан со со заедничкото патување и заедничките активности на претседателите на Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев во Рим по повод чествувувањето на Свети Кирил и Методиј.
Двајцата претседатели утре ќе ја посетат базиликата „Санта Марија Маџоре” и заеднички ќе им оддадат почит на Светите браќа Кирил и Методиј. Тие ќе положат цвеќе пред пред спомен плочата во чест на Свети Кирил и Методиј.