Поранешната француска актерка Брижит Бардо, инаку позната со децении по своите јавни критика кон општеството и властите, изјави дека нема намера да ја прими вакцината против коронавирусот.

Брижит Бардо, која уште од почетокот на пандемијата е изолирана на југот на Франција во нејзината вила, за магазинот „Isi Pari“ изјави дека треба да бидеме претпазливи со вакцината против коронавирусот, а на прашањето дали ќе ја прими, таа категорично одговорила дека нема да го стори тоа.

Profimedia
Profimedia

„Не се познати несаканите ефекти. Вакцината може да биде дури и неупотреблива бидејќи вирусот мутира. Се чини дека ова е само почеток на трката за пари за лабораториите, на штета на неколку илјади животни „на кои се спроведуваат тестови“, рече Брижит Бардо, која се пензионираше во врвот на нејзината филмска кариера, со цел да се посвети исклучиво во борбата за заштита на животните.

Profimedia
Profimedia

Поранешната актерка, која има 86 години, рече дека не се грижи за своето здравје, бидејќи е изолирана.

Profimedia
Profimedia

Според неа, добрата исхрана е важна за здравјето. „Не одам на лекар. Не јадам месо повеќе од 40 години, јадам зеленчук, јајца и салати“, додаде таа.

Изјавите и критиките на Брижит Бардо, која понекогаш не бира зборови секогаш привлекуваат големо медиумско внимание во Франција.