Бритиш ервејз планира да откаже околу десет илјади кратки летови оваа зима, што е околу осум отсто од зимскиот распоред. Од британската авиокомпанија велат дека целта на овој потег е да се минимизираат нарушувањата, а тоа ќе влијае и на некои долги летови, пренесува Би-би-си.

Бритиш ервејз ќе укине и по десетина повратни летови дневно, со вкупно 629 летови до крајот на октомври. Најголем дел од откажаните летови ќе бидат на релации за кои има алтернативен превоз.

Американ ерлајнс откажа повеќе од триесет илјади летови

Минатата недела, Американ ерлајнс откажа околу 31.000 летови, околу 16 отсто од својот ноемвриски распоред. Тоа е огромна бројка во споредба со 19.000 летови што американскиот авиопревозник претходно ги откажа летово.

Авиокомпаниите го обвинуваат постојаниот недостиг од персонал, заедно со големата побарувачка за патувања. Најголем проблем е недостигот од пилоти. Повеќе од една третина од доцнењата во светот може да се случат во Соединетите Американски Држави. На пример, во понеделникот, најмалку 20 отсто од летовите беа одложени на триесет големи американски аеродроми.

Прикажи повеќе