Британското министерство за одбрана потврди дека на Украина ќе и испратат тенкови, како дел од воената помош во борбата против руската инвазија. Како што велат од таму, ќе испратат тенкови Challenger 2, иако нивниот број не е соопштен.

Во меѓувреме Полска и Германија се подготвуваат да пратат денкови Леопард, а се чека и одлука на САД за испраќање на моќните тенкови Абрамс.