Новиот вид на ковид-19 е значително позаразен од претходниот вид на коронавирусот, покажа новата студија со која се заклучи дека новата варијанта ја зголемува репродукцијата или таканаречениот број Р број 0,4 до 0,7, пренесе Би-Би-Си.
Последниот Р-број во Велика Британија се проценуваше меѓу 1,1 и 1,3, а би требало да биде помал од 1,0 за бројот на случаи на зараза да почне да се намалува.
Професорот Аксел Ганди од лондонскиот „Imperial College“ изјави дека разликите помеѓу типовите на вирусот се „прилично екстремни“.
„Постои огромна разлика во тоа колку лесно се шири овој тип на вирусот во споредба со претходниот“, рече тој за BBC Radio 4.
Резултатите од студијата укажуваат на тоа дека инфекцијата на новиот вид се зголемила тројно за време на затворањето во Велика Британија во ноември, а неговиот претходен вид се намалил за една третина.
Првите резултати сугерираа дека вирусот се шири побрзо кај лицата на возраст под 20 години, особено кај средношколците, но најновите податоци покажуваат дека тој рапидно се шири меѓу сите возрасни групи, велат од истражувачкиот тим на проф. Ганди.
Професорот Џим Неисмит од Универзитетот „Оксфорд“ рече дека новооткриената верзија на вирусот наскоро ќе предизвика воведување на уште построги ограничувачки мерки.
„Податоците на „Imperial College“ се добиени од најдобра досегашна анализа и имплицираат дека досега спроведените мерки нема да успеат да го намалат бројот Р под 1, ако не се спречи ширењето на новата верзија на вирусот“, рече тој.