Во Велика Британија се регистрирани случаи на зараза со ламба варијантата на коронавирусот, првпат идентификувана во Јужна Америка, пренесува весникот Express повикувајќи се на англиската Агенција за јавно здравје.
Ламбда варијантата на коронавирусот SARS-CoV-2, првично беше идентификувана во Перу, Чиле, Еквадор и Аргентина на крајот од 2020 година, а според последните информации од Светската здравствена организација овој сој е регистриран во јуни годинава и во Бразил, Колумбија и Мексико.
Се претпоставува дека оваа варијанта на причинителот на коронаинфекцијата содржи неколку мутации на ткн „S“ односно „шилестиот“ протенин што влијае на степенот на заразноста на вирусот. Досега научниците немаат докази дека новиот сој предизвикува потешка форма на коронавирусната болест Covid-19 или дека ги ослабува дејството на вакцините.
Сепак, здравствените стручњаци пепорачуваат да се обрне внимание на симптомите, како што се високата температура, постојаното кашлање или промените во осетите за мирис и вкус.
Досега се идентификувни четирите епидемиски најопасните мутации на SARS-CoV-2: алфа (или британскиот сој – B.1.1.7), бета (јужноафриканскиот сој – B.1.351), гама (бразилскиот сој – P.1) и делта (индискиот сој – B.1.617.2).
Кон крајот на минатата седмица, властите на индиската сојузна држава Махараштра објави дека тамошните научници ја идентификувале ткн „делта плус“ варијанта (B.1.617.2.1). Таа се разликува со присуството на мутацијата K417N во „S“-протеино, којашто може да ја намали активниста на серумот и антителата кај оздравените од Covid-19, како и кај вакцинираните.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.