Бакингемската палата, според луксузот, традицијата, но и цената, останува на тронот на престижните светски недвижнини и по 2020 година.

Британските гардисти имаат многу важна и одговорна улога: тие ја чуваат најскапата недвижност во светот дење и ноќе, а тоа е Бакингемската палата, која е во сопственост на британското кралско семејство.

Pixabay
Pixabay

Се проценува дека вреди 2,9 милијарди долари и ќе остане на тронот на престижните светски недвижнини и по 2020 година, како што се очекуваше. Палатата е само еден од многуте луксузни имоти во сопственост на Елизабета Втора и членови на нејзиното семејство.

Сместена во Вестминстер, Лондон, палатата се состои од 775 соби, 78 бањи, 92 канцеларии и 19 кабини. Официјална резиденција на британската монархија е од 1873 година.

Pixabay
Pixabay

Според големината, палатата има дури 77.000 квадратни метри. Сепак, и покрај импресивната големина и титулата најскапа куќа во светот, сепак не е најголемата палата во светот.

Речиси е сигурно дека Бакингемската палата никогаш нема да биде на продажба, што дополнително влијае на нејзината вредност. Интересно е што се наоѓа на местото на поранешна градина со црница, која ја засади кралот Џејмс Трети, со цел да се соберат свилени буби.

Меѓутоа, бидејќи тој засадил погрешен вид црница, производството на свила никогаш не заживеало. Тој ја купил во 1761 година како куќа за неговата сопруга, кралицата Шарлот, а во 1820 година била претворена во палата.

EPA - EFE
ЕПА

Она што можеби не сте го знаеле за најскапиот имот на светот е дека има 1.514 врати и 760 прозорци, кои се чистат еднаш месечно.

На второто место на списокот е куќата на Антили (Индија), вредна милијарда долари, а на третото е вилата Леополд (Азурниот брег), вредна 750 милиони долари.