Два нови случаи на британскиот сој на вирусот се откриени во Македонија, објави д-р Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“ на Твитер.
Според Дојче веле, станува збор за заразени лица од Скопје и од Охрид. Едниот случај е од 4 јануари, кога бил потврден позитивен тест кај заболениот, кој за жал починал како последица на вирусот.
Вториот случај е од 18 јануари, а заболениот бил отпуштен од лекување пред три дена.
Претходно беше детектиран британскиот сој кај 46-годишен маж од Скопје кој веќе оздравел, но во лабораторијата на МАНУ беше најавено дека ќе се прават дополнителни анализи. Ќе се испитува можноста да не има и други заразени со овој опасен вирус, особено од последниот кластер на Клиниката за нефрологија, каде за краток период има десетици заболени. Лекарите алармираат дека поради тоа што многу лесно се пренесува за разлика од другите мутации, веројатно за неколку месеци ќе стане доминантен во земјата, како и во многу други земји во светот.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.