Британскиот амбасадор во Скопје, Метју Лосон, на социјалните мрежи објави видео и се пофали дека го положил испитот по македонски јазик, ниво Ц1. Тој воедно порача дека треба да се негува јазикот и културата.
„Многу сум среќен што положив испит по македонски јазик, Ц1. Ова е доказ од Министерството. Негувајте ги вашите јазик и вашата култура“, вели Лосон во видеопорака зборувајќи на македонски јазик.
🇲🇰Одличен почеток на неделата со сертификат за положен испит по македонски јазик. Ми претставува чест и задоволство што го учам овој прекрасен јазик. pic.twitter.com/EWG2VOjIAE
— MatthewLawsonUK (@MatthewLawsonUK) October 17, 2022





















