Научници кои ја советуваат британската Влада велат дека новата мутација на корона вирусот, откриена во Велика Британија, многу веројатно е посмртоносен од оригиналниот.

Научниците објавија нови резултати од неколку студии во петокот и проценуваат дека новaтa мутација, попозната како Б.1.1.7, може да биде 30 до 70 проценти поубиствен од оригиналниот вирус.

Претходно беше откриено дека новиот вид се шири побрзо, а премиерот Борис Џонсон на почетокот на овој месец најави дека „тоа исто така може да биде поврзано со зголемување на стапката на смртност“.

„Бизнис инсајдер“ пишува дека публикацијата на научниците сега ја потврдуваат оваа теза, но тие нагласуваат дека потребни се неколку подетални студии за да се донесе конечен заклучок во врска со новиот вид и смртноста.

Британскиот вид досега е откриен во најмалку 82 држави. 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.